Продадени осум парцели во индустриската зона „Прилеп 1“

Bez autora
Apr 19 2012

На електронска аукција осум македонски компании купија осум од 12 понудени парцели за изградба на фабрики во индустриската зона „Прилеп 1“. Со тоа се остварија очекувањата на локалните власти дека бизнис-секторот ќе биде заинтересиран да ги реализира своите развојни зафати. Продажбата се одвиваше по пат на електронско наддавање, со почетна цена од едно евро за квадрат, при што кај една од парцелите се достигна цена од 462 денара за квадратен метар. Локалните власти не ги соопштуваат купувачите бидејќи не е поминат рокот од три дена за приговор. Беа заинтересирани 29 компании, а плацови купија осум компании. Откако ќе го платат земјиштето, за шест месеци треба да го приложат проектот за градба на фабриките. Условите беа исти и за домашни и за странски фирми, но се јавија само домашни претпријатија.

Продадени осум парцели во индустриската зона „Прилеп 1“На електронска аукција осум македонски компании купија осум од 12 понудени парцели за изградба на фабрики во индустриската зона „Прилеп 1“.

Со тоа се остварија очекувањата на локалните власти дека бизнис-секторот ќе биде заинтересиран да ги реализира своите развојни зафати. Продажбата се одвиваше по пат на електронско наддавање, со почетна цена од едно евро за квадрат, при што кај една од парцелите се достигна цена од 462 денара за квадратен метар. Локалните власти не ги соопштуваат купувачите бидејќи не е поминат рокот од три дена за приговор.

- Беа заинтересирани 29 компании, а плацови купија осум компании. Откако ќе го платат земјиштето, за шест месеци треба да го приложат проектот за градба на фабриките. Условите беа исти и за домашни и за странски фирми, но се јавија само домашни претпријатија - изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Инаку, продадена е површина од 24.392 квадратни метри на кои можат да се изградат хали и погони со површина од 9.825 квадрати. Цената на парцелите достигна од 161 до 462 денара за квадрат. Во буџетската каса Општината ќе инкасира 5,4 милиони денари, или околу 90 илјади евра. Во наредните шест години инвеститорите треба да изградат објекти со висина до 7,6 метри, за кои ќе треба да ги платат комуналиите и да обезбедат одобрение за градење во рок од шест месеци.

Локалните власти нагласуваат дека давачките за комуналии се 5 евра за квадратен метар покриена површина.

- Со парите од комуналиите и од земјиштето ќе се изгради инфраструктурата - рече Ристески.

На 27 април Општината ќе продава уште девет парцели со електронско наддавање во индустриската зона „Прилеп 1“. Се нудат околу 72.000 квадратни метри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik